Ставање во употреба
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа ослободете го.
- Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Приказ за наполнетост на батеријата (кориснички интерфејс) (36) | Значење/причина | Решение |
|---|---|---|
Жолта | Батеријата е речиси празна | Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Црвена | Батеријата е празна | Заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Приказ за температура (41) | Значење/Причина | Решение |
|---|---|---|
жолто | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
црвено | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
Приказ за статусот на електричниот алат (35) | Значење/причина | Решение |
|---|---|---|
Зелена | Статус OK | – |
Жолта | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Свети во црвена боја | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепка црвено | Исклучувањето при пречки, заштитата од рестартирање или исклучувањето при удар се активирале | Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат |
Приказ за чистење на филтерот за прав (кориснички интерфејс) (37) | Значење/причина | Решение |
|---|---|---|
Жолта | Филтерот за прав е затнат | Исчистете или променете го филтерот за прав |