Поставување на мерниот уред

Хоризонтална положба

Вертикална положба

  1. Поставете го мерниот алат на стабилна подлога во хоризонтална или вертикална положба или монтирајте го на статив или на опрема за прицврстување.
Проверете дали мерниот уред е во стабилна положба за да нема прекини во работата поради дополнително нивелирање. Поради големата точност на нивелирање, мерниот уред реагира многу осетливо на потреси и промени на положбата.

Израмнувањето на X и Y оската е означена над ротационата глава на куќиштето. Со помош на жлебовите за израмнување на куќиштето може да го позиционирате мерниот алат согласно оските.

При хоризонтален режим, може да го израмните мерниот алат со жлебовите (5) на долниот раб од куќиштето.

При вертикален режим, може да го израмните мерниот алат со страничните жлебови (2).