Далечинско управување преку Bosch Levelling Remote App
Мерниот уред е опремен со Bluetooth® модул што овозможува далечинско управување преку паметен телефон со Bluetooth® интерфејс.

Ви треба Bosch Levelling Remote App за да ја користите функцијава. Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store). За да го направите ова, скенирајте го QR-кодот прикажан подолу.
- При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања меѓу паметниот телефон и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Со помош на Bosch Levelling Remote App може да управувате со следните функции на мерниот алат:
- Менување на брзината на ротација
- Вклучување/исклучување на режимот на линии/режимот на точки и поставување на ласерската линија/ласерската точка
- Вклучување/исклучување на режимот на закосување и промена на закосување
- Вклучување/исклучување на функцијата за предупредување од удар
- Вклучување/исклучување на тивкиот режим
Покрај тоа, калибрацијата на мерниот алат е олеснета кога се изведува со помош на апликацијата.
Функцијата Bluetooth® може да се вклучи и исклучи со копчето
. Поставката се зачувува при исклучување на мерниот алат.
Поврзување/прекинување на поврзувањето со мобилен уред:
- Притиснете го кратко копчето
, за да ја вклучите функцијата Bluetooth®. - За потврдување трепка приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) со бавно темпо.
Доколку мерниот алат претходно бил поврзан со мобилен уред и тој мобилен уред е во опсег (со активиран Bluetooth® интерфејс), тогаш поврзувањето со тој мобилен уред автоматски повторно се воспоставува. Поврзувањето е успешно воспоставено веднаш штом приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) свети постојано.
Поврзувањето преку Bluetooth® може да биде прекинато поради преголема оддалеченост или пречки помеѓу мерниот алат и мобилниот уред, како и поради електромагнетни извори на пречки. Во тој случај, трепка приказот за поврзување преку Bluetooth® (15).
Повторно воспоставување на поврзувањето:
(прво поврзување или поврзување со друг мобилен уред)
- Уверете се дека Bluetooth® интерфејсот е активиран на мобилниот уред и Bluetooth® на мерниот алат.
- Стартувајте ја Bosch Levelling Remote App.
- Доколку се пронајдат повеќе активни мерни алати, изберете го соодветниот мерен алат.
- Притиснете го копчето
на мерниот алат и држете го притиснато сè додека приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) не почне да трепка со забрзано темпо. - Потврдете го поврзувањето на вашиот мобилен уред.
- Ако свети приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) постојано, поврзувањето е успешно воспоставено.
Доколку во рок од 30 секунди не се воспостави поврзување, постапката се прекинува и приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) трепка со бавно темпо.
Исклучете ја функцијата Bluetooth®:
- Кратко притиснете го копчето
.
- Приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) се гаси.
Ресетирајте ја функцијата Bluetooth® на фабричките поставки:
При ресетирање на фабричките поставки, сите податоци за поврзувања на мерниот алат се бришат.
- Доколку во опсег се наоѓа мобилен уред со кој мерниот алат претходно бил поврзан, тогаш на тој уред или исклучете ја функцијата Bluetooth® или избришете го поврзувањето со мерниот алат.
- Вклучете го мерниот алат.
- Кратко притиснете го копчето
на мерниот алат. - За потврдување трепка приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) со бавно темпо.
- Потоа истовремено притиснете ги копчето
и копчето
за 5 секунди, додека приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) кратко не засвети и потоа не се изгаси.
Софтверско ажурирање за функцијата Bluetooth®:
Доколку е достапно софтверско ажурирање за Bluetooth®, се појавува известување во Bosch Levelling Remote App. За инсталирање на ажурирањето следете ги упатствата во апликацијата.
За време на ажурирањето, трепка приказот за поврзување преку Bluetooth® (15) во ритмички такт. Додека ажурирањето не се инсталира успешно, сите копчиња се деактивирани и ласерскиот зрак е исклучен.