Функција за предупредување за удар

Мерниот уред има функција за предупредување за удар. При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред или при вибрации на подлогата го спречува нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките поради поместување на уредот.

Активирање на предупредувањето за удар:

Функцијата за предупредување од удар е стандардно е вклучена. Таа се активира околу 15 секунди по последното притискање на копче.
За време на активирањето, приказот за функцијата за предупредување од удар (13) трепка во зелено. По активирањето, приказот свети постојано зелено.

Активирано е предупредувањето за удар:

Доколку се промени положбата на мерниот алат или се регистрираат силни вибрации, се активира предупредувањето од удар. Ротацијата на ласерот запира, ласерскиот зрак се исклучува, а приказот за агол на закосување (8) и приказот за функцијата за предупредување од удар (13) трепкаат во црвено.

  1. Кратко притиснете го копчето .
  1. Функцијата за предупредување од удар се ресетира и мерниот алат започнува со нивелирање. Притоа се враќа на поставките за нивелирање што ги имало пред активирањето на функцијата за предупредување од удар.

Штом мерниот алат се изнивелира, тој автоматски започнува со работа во режим на ротација.

  1. Сега проверете ја положбата на ласерскиот зрак на референтна точка и по потреба коригирајте ја висината или израмнувањето на мерниот алат.

Исклучување/вклучување на функцијата за предупредување од удар:

  1. Задржете го копчето , додека приказот за функцијата за предупредување од удар (13) не ја промени бојата (по околу 3 секунди):
    При исклучување на функцијата за предупредување од удар од зелена на црвена,
    при вклучување на функцијата за предупредување од удар од црвена на зелена со трепкање.
Кога е активирано предупредувањето од удар кратко притиснете на копчето  за ресетирање на функцијата за предупредување од удар, пред да може да ја исклучите функцијата за предупредување од удар.

15 секунди по вклучувањето, функцијата за предупредување од удар се активира (приказот на функцијата за предупредување од удар (13) свети постојано во зелено).