Проверка на точноста на нивелирање во вертикална положба
За проверка потребна е една слободна мерна линија на цврста подлога пред 10 m висок ѕид.

- Прицврстете еден висулец на ѕидот.
- Поставете го мерниот уред во вертикална положба на цврста рамна подлога.
- Вклучете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.
- Израмнете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе дојде точно во средина на горниот крај на висулецот.
- Разликата d помеѓу ласерскиот зрак и висулецот на долниот крај на висулецот го дава отстапувањето на мерниот уред од вертикалата.
При 10 m висока мерна линија, максималното дозволено отстапување изнесува ±1 mm. Според тоа, разликата d смее да изнесува најмногу 1 mm.