Мерна летва

При работење со мерна летва во близина на високонапонски водови е потребно особено внимание. При приближување на мерната летва кон високонапонските водови може да дојде до струен удар, што може да доведе до смрт.

Не работете со мерната летва кога наидува невреме.

За контрола на рамнини или за нанесување на косини се препорачува користење на мерна летва (25) заедно со ласерскиот приемник.

На мерната летва (25) горе има нанесено релативна мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат отстапувањата од зададената висина.