Преглед

По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува хоризонталната одн. вертикалната положба и ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од околу ±15 % (±8,5°).

За време на нивелирањето, ласерот се исклучува и приказот за агол на закосување (8) трепка во зелено.

По успешното нивелирање, ласерскиот зрак се вклучува и ротацијата започнува. Во приказот за агол на закосување (8) свети при хоризонтална положба на мерниот алат <0.0%> во зелена боја, при вертикална положба <-->.

Доколку мерниот алат е накосен повеќе од 15 % или е позициониран поинаку од хоризонтална или вертикална положба, нивелирањето не е возможно. Во приказот за агол на закосување (8) половините на <100> трепкаат наизменично црвено.

  1. Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за нивелирање.
Доколку мерниот алат не се нивелира автоматски по повторното позиционирање, кратко притиснете го копчето , за да го рестартирате процесот на нивелирање.

Кога мерниот алат е израмнет, тој постојано ја проверува неговата хоризонтална или вертикална положба. При промена на положбата автоматски се извршува повторно нивелирање. За да се избегнат погрешни мерења, ласерот се исклучува за време на процесот на нивелирање. Приказот за аголот на закосување (8) трепка во зелено.