Вклучување/исклучување

Направете проверка за точноста секогаш по првата употреба како и пред да секое почнување со работа  види Проверка на точноста и калибрирање на мерниот уред.

Вклучување

  1. Притиснете го копчето , за да го вклучите мерниот алат.
  2. Мерниот алат го испушта променливиот ласерски зрак (1) преку излезните отвори (3).

Процесот на нивелирање започнува автоматски. За време на нивелирањето, ласерот се исклучува и приказот за агол на закосување (8) трепка во зелено види Автоматика за нивелирање.

По успешното нивелирање, ласерскиот зрак се вклучува и ротацијата започнува. Приказот агол на закосување (8) свети постојано во зелено.

Мерниот алат работи во режим на ротација со најголема брзина на ротација.

Сите други режими на работа можат да се контролираат само преку Bosch Levelling Remote App види Далечинско управување преку Bosch Levelling Remote App.

Исклучување

  1. Задржете го копчето .
  2. Отпуштете го копчето , штом ќе се исклучи приказот за аголот на закосување (8) (по околу 1,5 s).
  1. Потоа мерниот алат се исклучува.

Мерниот алат е заштитен од екстремно електростатско празнење (ESD). Доколку мерниот алат се наелектризира (на пр., при допир во средина со ниска влажност на воздухот), тој автоматски се исклучува.

  1. Исклучете го и повторно вклучете го мерниот алат како што е погоре опишано со копчето .

Хардверска грешка може да предизвика автоматско исклучување на мерниот алат. Пред исклучување, трепкаат <Er> и <03> 3 секунди наизменично на приказот за аголот на закосување (8).

  1. Оставете го мерниот алат кај Bosch-сервисната служба на проверка.

Мерниот алат се исклучува автоматски под следниве услови за да ја заштити батеријата:

  • Мерниот алат е надвор од опсегот за самонивелирање повеќе од 10 минути.
  1. Позиционирајте го мерниот алат и повторно вклучете го.
  • Максимално дозволената работна температура е надмината (сите прикази трепкаат 3 пати пред исклучување).
  1. Оставете мерниот алат да се олади пред повторно да го вклучите.